Утрински Весник
Свет

Пожар во воз кој превезувал европратеници за Брисел

Pruga Voz .jpg

Попладнево избувна пожар во возот кој превезувал европратеници од Стразбур до Брисел поради што противпожарната и итната служба на францускиот град беа ставени во состојба на готовност, објави белгискиот сајт „Судинфо“.

Луѓето кои биле на железничката станица во Стразбур се евакуирани.

Портпаролот на Европскиот парламент, Емануел Фулон, на социјалната мрежа Х изјави дека дошло до експлозија, но дека причините не се познати.

Според него, станицата била блокирана и луѓето постепено биле изнесувани.

Европратеникот Пеле Герцен напиша на Х дека на станицата во Стразбур има многу пожарникари, но патниците добиле малку информации.

Според него, евакуацијата била хаотична бидејќи луѓето биле повикани да се евакуираат и да го остават багажот, но дури откако некои од патниците веќе ја напуштиле станицата со својот багаж. Возовите до и од железничката станица во Стразбур се прекинати. (МИА)

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата