Утрински Весник
Македонија

По повод 11 Октомври – Ден на народното востание, владини делегации ќе положат свежо цвеќе на повеќе локации

Images 1.jpeg

Од Владата преку соопштение информираат дека по повод 11 Октомври – Ден народното востание владини делегации ќе положат свежо цвеќе на повеќе локации низ државата.

Владина делегација во состав за Скопје:

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,

Весна Јаневска, министер за образование и наука и

Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе присуствуваат на положување на цвеќе во Меморијален комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел, Скопје во 10:30 часот, како и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата на Република Северна Македонија во 11:30 часот.

Владина делегација во состав за Прилеп:

Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање

Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, ќе присуствуваат на положување цвеќе во Прилеп пред Споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могила на непобедените во 09:30 часот.

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?