Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на социјалните мрежи: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова

Hristijan Mitskoski So Sinot Vo Sad 1200x540 1.jpg

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ, пишува премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи откако денеска излезе одлуката на Антикорупциска во која денеска се констатираше дека неговиот син во САД не патувал на државна сметка.

Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина, пишува премиерот Мицкоски во статус на фејсбук.

Можете да прочитате

Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите” а водевте вазални политики

Врховен го спаси од пропаѓање ,,Талир”, судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ продолжува