Утрински Весник
Свет

Белгија трет ден под руски кибер напади – Де Кро уверува нема да влијае на изборите во недела

Uploads Thumbs Resize 800x420 493964.jpg

Белгија трет ден под руски кибер напади, премиерот Де Кро уверува дека нема да има влијание на изборите во недела.

Белгија денеска трет ден по ред е подложена на кибер напади од руски хакери, објавија локалните медиуми. Повторно погодени електронските страници на општинските институции.

Белгискиот премиер во оставка Александер де Кро увери дека откриените прекршувања нема да имаат влијание врз организацијата на општинските избори в недела. Според него, Белгија има доволно добра кибер одбрана.

Медиумите јавуваат дека утринава руската хакерска група NoName057 објавила список од осум општини чии веб-страници беа погодени во последните часови. Во понеделникот и вторникот, руските хакери успеаја да ги затворат општинските и државните веб-страници, вклучително и онаа на Федералниот парламент. Експертите цитирани во медиумите признаа дека целта на овие акции е да се сее недоверба во организацијата на претстојните избори, но прецизираа дека досега штетата „е безопасна“.

Можете да прочитате

Од денес, носењето бурка и никаб е забрането во сите италијански училишта

Нетанјаху изјави дека „Флајдубаи“ ги прекинува летовите до Израел

Кражбите на гориво во Германија се во пораст