Утрински Весник
Македонија

ДКСК: Синот на премиерот Мицкоски не престојувал во САД на државен трошок

Hristijan Mitskoski So Sinot Vo Sad 1200x540 1.jpg

Државната комисија за спречување на корупцијата констатираше дека нема основа за постапка за службените патувања на премиерот Мицкоски во Њујорк и Вашингтон.

Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

Можете да прочитате

Академијата за судии и јавни обвинители од утре треба да има нов директор

ЕСМ снабдување вели дека и утре ќе нема парно зошто надвор не било доволно ладно

Не се менуваат коефициентите за плати на функционерите