Утрински Весник
Македонија

Кузеска: За само100 дена ДПМНЕ ја загрози безбедноста на граѓаните и создаде несигурност по улиците

Kuzeska3.jpeg

Во изминативе 100 дена, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, безбедноста е на многу ниско ниво, а несигурноста по улиците ја чувствуваат граѓаните. Во последните два месеца веќе имаше неколку убиства и обиди за убиства, а МВР нема никаква контрола и место да се бори против криминалните структури, нивниот министер Тошковски не може да ги заштити ниту полицајците, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Дејли клик” на ТВ 21.

– Само во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци, а сторителите сè уште се непознати и одговорност нема. И ова, уште еднаш покажува дека секогаш е штета кога ДПМНЕ е на власт. Во изминатите 7 години, граѓаните не беа сведоци на секојдневни пукотници, а безбедноста на државата беше добро рангирана од сите релевантни фактори”, рече Кузеска.

Таа ги коментираше 100-те дена од владеењето на ДПМНЕ, за што рече дека дефинитивно, сите ветувања кој ги дадоа пред изборите се една голема фарса и лага. 

-ДПМНЕ во рок од 100 дена успеа да ги изневери и разочара граѓаните, а откако ги признаа грешките, рекоа дека не биле катастрофални. Зарем не е катастрофална грешка тоа што не ги покачија платите на наставниците во септември, а ја намалија просечната плата за 1000 денари. Зарем не е скандал да имате началник на граничен премин кој работи онака како што ќе се договорат коалициските партнери, а ќе пуштаат преку граница кого сакаат, како претседателот на собранието Африм Гаши и Блерим Рамадани. Власта ветуваше дека ќе има ред и поредок, а ние сега гледаме хаос, потенцираше Кузеска.

Таа рече и дека пред избори ДПМНЕ ветуваа дека ќе растат платите, но од тоа нема ништо, а се збунија и со ветувањата за покачување на пензиите. Власта не прави ништо, освен што се кити со туѓи перја, оти тие сега само ги продолжуваат проектите кои ги започна СДСМ.

Во однос на наводниот долг, кој сега го наследиле ДПМНЕ, па ќе заштедувале пари, Кузеска, рече дека пари не се заштедуваат со двајца заменици во царина, национални координатори, повеќе министерства и измислени работни места, само за да се задоволат коалициските апетити.

– Дефинитивно, создадени се тела за задоволување на коалициските апетити, а ова ДПМНЕ многу посетува на она која беше на власт 11 години, каде се одеше преку партија, по налог на партија каде вработувањата на париските војници беа без усул”, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре