Утрински Весник
Балкан

Жена сакала да се ослободи од магии, па ја измамиле и ја „ослободиле“ од 15.000 евра

1691675400 Shutterstock 2186723713 750x499 1.jpg

Не само кај нас туку и низ целиот Балкан измамниците од ваков тип демнат од сите страни, па затоа дополнително внимание никогаш не е на одмет. Особено треба да се има во предвид дека и тие одат во чекор со времето, па сега наместо веќе добро познатите приказни за извлекување пари од невнимателните граѓани, сега измамниците се „модернизираат“, па се префрлаат на полето на интернетот и социјалните мрежи.

За ваквиот тренд добра илустрација е примерот од хрватскиот град Бјеловар, каде што изминатиот викенд биле пријавени дури три интернет измами. Најголемата измама била во врска со 48-годишна жена од околината на Бјеловар која била измамена за повеќе од 15 илјади евра.

Како што објави „Јутарњи лист“, жената била измамена од засега непознато лице кое на социјална мрежа ја рекламирало услугата за отстранување на магии и црна магија и на кое во неколку наврати му платила повеќе од 15 илјади евра. По извршените уплати, лицето престанало да комуницира со 48-годишната жена, која дури тогаш сфатила дека е измамена.

Во друг случај, 24-годишен жител на Бјеловар пријавил измама при купување лаптоп преку оглас на интернет. По договорената набавка, на огласувачот на продажбата му исплатил сума од 460 евра, но не добил лаптоп, ниту рефундирање.

Измама во полиција пријавил и 76-годишен бјеловарец, кој изјавил дека непознато лице го довело во заблуда дека им помага на жртвите на интернет измами, поради што му ги ставило на располагање своите лични и банкарски податоци, сметајќи дека ќе добие уплата. Но наместо тоа од неговата сметка била направена само нова исплата.

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија