Утрински Весник
Балкан

Исповед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, одеднаш го однесе триметарски бран (ВИДЕО)

Screenshot 2024 10 04 184726.jpg

Мухамед Беговиќ од Јабланица го загуби синот во поплавите што пред неколку дена го зафатија овој град во Босна и Херцеговина.

Тој за порталот „Аваз“ изјави дека се се случило во рок од 15 минути.

„Во куќата беа син, невеста, сопруга, внук и внука. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри, синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен синот, останатите успеале да преживеат. Ни помогнаа социјалните работници, сите сме згрижени, имаме каде да спиеме“, рече Беговиќ.

Можете да прочитате

Вучиќ: Отворен и тежок разговор со Каја Калас

Вучиќ: Опозицијата во Србија го следи патот на обоената револуција во Северна Македонија

Бериша од собраниската говорница: Моето враќање е победа над оние кои сакаа да ја елиминираат опозицијата