Утрински Весник
Македонија

Полицијата со детали за несреќата кај Беловиште, тешко повреден 45 годишник

Beloviste 8.jpg

Денеска (06.10.2024) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Тошковски: МВР ќе постапи во согласност со надлежностите за случајот со бараните македонски државјани од ФБИ

Ужас во Штип: Мртво новороденче донесено во болницата