Утрински Весник
Македонија

Загина тракторист од Муртино откако врз него паднала железна шипка

Traktorist.jpg

На 04.10.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека Ж.Ј.(63) од село Муртино, струмичко, додека извршувал земјоделски работи со трактор во нива во место викано „Врловарник”, атар на село Муртино, со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила. Од здобиените повреди Ж.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Можете да прочитате

ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203 км/ч на патот Скопје – Свети Николе

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал

Алпер Акташ нов амбасадор на Турција во Македонија – ги предаде акредитивите кај Сиљановска-Давкова