Утрински Весник
Македонија

Мицкоски доцнел 90 минути на приемот во германската амбасадата на Денот на германското обединување

Mickoski 414570.png

Премиерот Христијан Мицкоски задоцнил 90 минути на приемот во германската амбасада во Скопје по повод Денот на германското обединување, 3 октомври.

Како што пишува Горан Михајловски во неговата колумна на порталот „Сакам да кажам“, сите гости биле пристигнати, вклучително и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а амбасадорката со персоналот го чекале Мицкоски до 20:10 часот, бидејќи бил најавен дека ќе дојде.

Било планирано дури и амбасадорката Петра Дрекслер специјално да го поздрави, бидејќи тоа било напишано на видеоѕидеот.

Мицкоски сепак се појавил околу 20:30 часот, ги пропуштил химните и говорот на амбасадорката, а и гостите веќе започнале да си заминуваат.

Останува нејасно зошто премиерот доцнел 90 минути на свечен настан во амбасадата на еден од најголемите партнери на земјава во ЕУ. По своето доцнење претходно беше познат и премиерот Никола Груевски, па останува нејасно дали и каква порака испраќа Мицкоски до Германија.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара