Утрински Весник
Македонија

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР!

Bogdanka Pres.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во македонската историја.

100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу од нив поврзани со работата на МВР и министерот Тошковски.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа ред и поредок, но фактичката состојба е тотално спротивна: скандали, неказнивост и брутална партизација на МВР.

Одиме по ред.

Се случи безбедносен скандал на скопскиот аеродром, каде пиштолџијата на Гаши се закануваше со пиштол и нападна полицаец.

МВР најпрво се обиде да го заташка случајот и да го штити коалицискиот партнер, но под притисок на јавноста тоа не беше можно.

Се случи скандал и со организирано пуштање на слобода на Блерим Рамадани, баран со меѓународна потерница. Досега никој нема преземено одговорност за овој скандал. Нема одговорност ниту од Тошковски.

Понатаму, имаше серија скандали на северната граница со Косово.

Коалициониот партнер на ДПМНЕ, Гаши со неговите сватови, ја поминаа границата со приватни возила и без никаква контрола.

Мицкоски тврдеше дека тоа се ноторни лаги, со смешни аргументи се бранеа виновниците, но затоа беа казнети луѓето кои чесно си ја извршуваат работата. Одговорност од Тошковски нема.
Скандалите продолжија како на лента. Речиси и да немаше ден, недела, кога не се случи некој скандал.

Бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје Тошковски целосно го ослободи од одговорност. Политичкиот дил ги засени законите и прописите. Капак на се уште и командир на Тигрите ќе го прават.

Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников, беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде команди во Ропотово.
Ковачки го нема сега да држи прес конференција и да бара одговорност. Мицкоски се прави на Тошо.

Изгоре 10% од територија на државата само поради неспособноста на МВР и надлежните институции. Одговорност нема.

Не се расчисти ниту скандалот со генералниот секретар на Владата, кој случајно доби поклон од 325.000 евра во зграда со министерот Тошковски.

Скандалот со министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на МЕПСО остана исто така нерасчистен.

Почитувани, ова се само дел од скандалите во првите 100 дена а ги има уште толку.

Наместо ред имаме безредие, наместо одговорност имаме неказнивост, наместо ефикасна и професионална полиција Тошковски го врати ВМРО-МВРО на голема врата.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист