Утрински Весник
Македонија

Водата во Гостивар повторно е штетна – Никако не ја пиете

Voda.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, попалднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење.

Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување.

Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи.

– Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте нејзино консумирање, стои во известувањето од ЈП „Комуналец”.

Од претпријатието наведуваат дека се работи на решавање на проблемот и до подобрувањето на состојбата ќе има соопштение штом водата биде безбедна за потрошувачка.

Минатиот четврток беше објавено дека во водата од градскиот водовод биле откриени колоформни бактерии и ешерихија коли, а според в.д. градоначалникот, тие резултати биле од анализи направени неколку пред воведувањето на забраната. По неколку дена, состојбата се стабилизира.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име