Утрински Весник
Скопје

Во недела во Скопје посебен режим на сообраќај поради маратонот

Stop.webp.webp

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.10.2024 (недела) со почеток од 08 часот, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024″, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Настанот ќе се одвива со следните траси на движење: Траса на движење на трката од 5 км – Старт кај Собрание на РСМ, право по ул.„11 Октомври”, лево по бул.„Крушевска република”, десно по бул.„Трета македонска бригада”, полукружно на крстосница помеѓу бул.„Трета македонска бригада” и ул.„Коста Новаковиќ” и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија” на ул.„11 Октомври”.

Траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат два пати) – Старт кај Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври”, право кон „Рекорд” односно по ул.„Димитрие Чуповски”, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов”, се до крстосница со ул.„Ангел Динев”, каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври” и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври”, лево по бул.„Крушевска република”, десно по бул.„Трета македонска бригада”, лево по ул.„Васко Карангелевски”, десно по бул. „Јане Сандански”, се до крстосница со бул.„Србија”, каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански” се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу”, каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски”, десно по ул.„Васко Карангелевски”, десно по бул.„Трета македонска Бригада”, лево по бул.„Крушевска република”, десно по ул.„11 Октомври” до целта – плоштад „Македонија”.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Тошковски: На новите камери за 24 часа во Скопје фатени над 2.000 возачи кои возеле над дозволената брзина

Додека граѓаните се жалат за високите згради спроти Ист Гејт, инвеститорот Чифлиганец за Телма тврди дека се гради законски

Јакимовски: Постапката е законска, пријавата е е политички притисок