Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Sdsm 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ. 

Граѓаните не смеат да останат без јасна перспектива, ниту ВМРО-ДПМНЕ има право еднострано да ги прекинува преговорите, без јасно да каже што е алтернативата. Тие ветуваа подобри услови во преговорите, ветуваат промена на преговарачката рамка, ветуваа мудра дипломатија. Од тоа засега нема ништо и не смеат понатаму да продолжат на овој начин, без план и без стратегија. 

Ако се откажани од ЕУ интеграциите, треба да кажат која алтернатива ја нудат за долгорочен развој на државата. Ако не се откажани треба да кажат кој е планот, кои конкретни чекори се преземаат, кои се роковите и што може да очекуваат граѓаните по однос на ова прашање. 

На затворената седница очекуваме да изложат детални информации за тоа кои членки ја поддржуваат идеајта на Владата за промена на преговарачката рамка,  да кажат зошто стратешкиот партнер Унгарија гласаше за одовојување на Албанија и Македонија и кои се дипломатските стратегии со кои планираат да ја подобрат позицијата и откочат преговорите. 

СДСМ ќе делува контруктивно во Собранието и ќе ја поддржи секоја искрена идеја да се надмине оваа состојба на статус кво во која сме доведени. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека не е веќе опозиција и да демонстрира лидерство и визионерство 

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен