Утрински Весник
Македонија

Приведен косовски државјанин поради нудење поткуп

Granichen Premin Dolno Blace.webp.webp

Денеска (04.10.2024) околу 10.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово.

Тој управувал минибус на релација Косово– Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп.

За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка. 

Можете да прочитате

Жена и маж пронајдени мртви во стан во Скопје, претходно биле пријавени за исчезнати

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони