Утрински Весник
Балкан

Захарова: Вучиќ можеше, но не разговараше со Лавров во ОН

1707819960 D0b7d0b0d185d0b0d180d0bed0b2d0b0 D183d0bdd0b8d198d0b0d182d0b0 D19d D0b4d0b0d0b2d0b0 D0bdd0b0 D183d0bad180d0b0d0b8d0bdd0b0 D0b5d0b2d180 63dec8fea2799.jpeg

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ можел да разговара со министерот Сергеј Лавров за украинската криза која го „загрижува“ на маргините на 79. седница на Генералното собрание на ОН.

– Знаете, ако таа тема навистина го загрижува Александар Вучиќ, тој за тоа ќе разговараше со Сергеј Лавров на маргините на ГС на ОН, кога двајцата беа таму и кога ја даде таквата изјава, посочи Захарова, коментирајќи ја изјавата на Вучиќ за траењето на украинскиот судир.

Руските медиуми објавија дека Вучиќ зборувајќи за конфликтот во Украина изјавил дека „на крај ќе биде мир, затоа ќе има силна борба за секое село. Ќе биде достигнато корејското сценарио и тоа нема да има решение за 10, 20 или 30 години и тоа ќе биде суштинско решение за судирот во Украина“.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk