Утрински Весник
Македонија

Полицијата претресуваше во Кичево: Државјани на Швајцарија и Австрија се привдени, пронајдена дрога

Rjmet Apsenje 333811.jpg
Dik 300x250 mk

На 02.10.2024 во 15.30 и 16.15 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево ги лишија од слобода Ј.Х.К.(58) од Швајцарија, со привремен престој во Кичево, и М.Р.(44) од Република Австрија, исто така, со привремен престој во Кичево.

При претрес во домот во кој времено престојува Ј.Х.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со марихуана, саксии со растението канабис, семки од растението канабис, вага со остатоци од марихуана и други предмети.

Додека при претрес во домот во кој времено престојува М.Р., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дробилка со остатоци од марихуана, шише исполнето со непозната течност, капсули и други предмети со остатоци од бела материја.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!