Утрински Весник
Македонија

Тркалезна маса за образование за ментално здравје

20241002161720 Big 730x400 62.webp.webp

Во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за образование за ментално здравје, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Најавено е обраќање и на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како и на претставници од младинскиот сектор, експертски организации и меѓународни организации.

На настанот ќе биде претставен и документот за јавни политики „Твоја приказна, наша поддршка! – Училишта кои се грижат за менталното здравје на учениците“.

Од Здружението велат дека во изминатите седум години работат на полето на промоција на ментално здравје и благосостојба кај младите. Во фокусот последните години е унапредување на состојбите во рамки на образовниот систем поврзани со пристапите и методологијата на работи во ова поле.

-Од учебната 2024/2025 со поддршка на Фондација за демократија на Вестминстер започнуваме процес на застапување за инкорпорирање на менталното здравје во рамки на образовните програми во средното образование и ја лансиравме кампањата „Твоја приказна, наша поддршка!“ која го адресира истото прашање пред општата јавност, информираат од Здружението на граѓани „Младите можат“ .

Можете да прочитате

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист

Од понеделник се очекуваат нови снежни врнежи