Утрински Весник
Македонија

Хаос на Меџитлија: Претпоставен од гранична полиција физички нападнал полицаец

Granicni Policija Scaled.jpg

Утрово на ГП Меџитлија на македонско-грчката граница се случил инцидент со физичка пресметка.

Попладнево како што објавија повеќе медиуми претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според информациите, инцидентот се случил околу 8 часот, кога се менувала смената, а причината засега не се знае.

Нападнатиот полициски службеник по 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница во Битола, вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.

Од Клиничката болница Битола го потврдуваат случајот и за локалниот портал „Апла“ велат дека „имало вербална расправија со поттурнување и констатирана вознемиреност“, но велат дека и двајцата – и граничниот полицаец и неговиот претпоставен, побарале лекарски преглед.

Од МВР информираа дека во текот на денешниот ден (02.10.2024) во ПС ОН Битола во два наврати, еднаш од страна на полициски службеник Б.Ј., а вториот пат од Командирот на ПС за ГП и ГН Меџитлија И.П. пријавен е настан.

„Со цел утврдување на наводите во двете пријави, известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром

Променливо облачно со сончеви периоди

Вечерва полициска опсада во Аеродром по вооружен грабеж на казино