Утрински Весник
Македонија

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга

Osnovnoto Avno Obvinitelstvo Struga.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа. Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен