Утрински Весник
Економија

Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“ во Струга

20241001174055 Big 730x400 48.webp.webp

Во Струга од денеска до 4 октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.

Конференцијата е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија, одржлив развој и заштита на животната средина. Поканети се релевантни енергетски компании, претставници од индустријата, истражувачките центри, универзитетите и останати субјекти, како и експерти од земјата и странство, а на отворањето е најавено обраќање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Енергетски производни капацитети, преносни и дистрибутивни енергетски системи, обновливи извори на енергија, ИТ ситеми и апликации во електроенергетски постројки, уреди и системи за складирње енергија, одржлив енергетски развој и заштита на животната средина, енергетска ефикасност и паметни енергетски системи, енергетска транзиција и декарбонизација, проектен менаџмент и дигитална трансформација во енергетиката, пазари на енергетски суровини и производи, безбедност при работа и професионален ризик, енергетско инженерство и образование во општество засновано на знаење, ќе бидат темите на конференцијата.

По отвопрањето, ќе се одржат панелите „Влијание на обновливи извори на енергија и системи за складирање на електрична енергија на преносната мрежа“ и „Комплексна енергетика во Република Македонија“, како и пленарното предавање „Енергетска состојба и стратегија до 2050 година во областа на нуклеарна енергетикa“.

За утре се предвидени работни сесии на повеќе теми „Енергетска ефикасност и паметни енергетски системи“, „Преносни и дистрибутивни енергетски системи“, „Обновливи извори на енергија, одржлив енергетски развој и заштита на животната средина“, „Проектен менаџмент и дигитална трансформација во енергетиката“,…

-Тематските области се однесуваат на предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, особено компаниите, инвеститорите и корисниците. Со планираните пленарни сесии, дискусии и реферати ќе се овозможи реална платформа за идентификација на соодветните механизми и активности со цел надминување на проблемите во земјата и регионот, како и зајакнување на меѓусебната соработката, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК) кое е организатор на конференцијата.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025