Утрински Весник
Магазин

Џулија Робертс ќе добие почесен „Цезар“

220906 Julia Roberts Reuters.jpg
Dik 300x250 mk

Американската глумица Џулија Робертс ќе биде наградена со почесен „Цезар“ за животно дело на 50. доделување на најпрестижните филмски награди во Франција на 28 февруари вгодина, објавија вчера организаторите. 

Џулија Робертс се прослави во 1990 година со филмот „Убава жена“ (Pretty Woman). Тогаш имала 23 години, а глумеше покрај Ричард Гир. Потоа сними уште неколку љубовни комедии што постигнаа голем успех, на пр. „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Нотинг Хил“ и „Невестата-бегалка“, а доби и „Оскар“ за улогата во филмот „Ерин Брокович“ од 2001 година. Позната е и по нејзината хуманитарна дејност и заложбите за заштита на животната средина.

И француската режисерка и глумица Ањес Жауи и британскиот режисер Кристофер Нолан ќе добијат почесен „Цезар“. Француската глумица Катрин Денев ќе биде домаќин на доделувањето на престижните „Цезар“ награди, коешто ќе се емитува на ТВ „Канал плус“.

Номинациите треба да бидат објавени на 29 јануари. Минатогодишното 49. издание го одбележа „Анатомија на падот“ на Жистин Трије – доби „Цезар“ за најдобар филм и најдобра режија.

Можете да прочитате

Здравствени состојби поради кои може да не се дозволи влез во авион

Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

Четири знаци ќе живеат како милионери во следните пет години