Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати

30092024 Mickoski 2.jpg

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и економија и труд Бесар Дурмиши остварија средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

На средбата се разговараше за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.

„Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки”, истакна премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески