Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изгубената планинарка утрово пронајдена на Шар Планина без знаци на живот

Shar Planina.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека потрагата по изгубена 72-годишна планинарка (Ј.Ч.) на Шар Планина утрово за жал заврши со пронаоѓање на нејзиното тело без знаци на живот. Вчера имаше и спасителна акција на Дојранско Езеро што заврши успешно.

„Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера во 11.57 часот беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка на Шар Планина во реонот на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и утрово. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 7.30 часот е пронајдена жената во месноста Ружен Камен, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен интервенираше алпинистот Надир Мурсели“, информираат од ЦУК.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а известен е и Јавен обвинител.

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста