Утрински Весник
Македонија

Ужас во Штип: 14-годишно и 13-годишно дете живеат во вонбрачна заедница

Mvr.webp.webp

Двајца малолетници на возраст од 14 и 13 години од Штип живеат во вонбрачна заедница. За случајот потврдуваат и од основното училиште и од Општина Штип. Ерол Адемов референт за заедниците во Општина Штип вели дека со родителите на малолетниците е извршен разговор. Забележува дека во последните години ваквите случаи се реткост.

-Разговаравме со родителите и од двете страни. Децата ќе продолжат со нивното образование, вели Адемов.

Тој посочува дека согласно Кривичниот законик, детските бракови се забранети и брачната заедница не може да се официјализира доколку немаат 16 години. Со донесувањето на законските измени, брак може да се склучи само доколку и двајцата партнери се минимум 16 години и имат согласност од родителите. Адемов истакна дека ова придонесува за намалување на бројот на малолетнички бракови во последните неколку години.

-Значително е намален овој број. Имаме издвоени случаи каде што имаме склучување на малолетнички бракови. Но, тоа најчесто ни се случува каде што овие лица иако се на малолетна возраст веќе имаат и деца, вели Адемов.

Според податоците на Државниот завод за статистика лани биле склучени 112 бракови, меѓу брачни другари кои не наполниле 20 години.

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон