Утрински Весник
Спорт

Млада велосипедистка се бори за живот по пад на трка на СП

Images 20.jpg

Младата Швајцарка Муриел Фурер (18) се здоби со сериозна повреда на главата откако падна на јуниорската друмска трка за жени на Светското првенство во велосипедизам во Цирих, соопшти Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ).

Муриел Фурер се здоби со сериозна повреда на главата и е во многу критична состојба. Исклучително загрижени за ситуацијата, Union Cycliste Internationale, Swiss Cycling и локалниот организациски комитет на Цирих 2024 внимателно го следат развојот на настаните и ќе комуницираат што е можно поскоро – се вели во соопштението на УЦИ.

Швајцарските медиуми пишуваат дека младата девојка се здобила со тешка трауматска повреда на мозокот и е во многу критична состојба.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига