Утрински Весник
Македонија

Почина познатиот македонски музичар и композитор Петар Лукиќ

Uploads Thumbs Resize 800x420 661363.jpg

Во средата, 25 септември 2024 годинаво поладневните часови почина еден од доајените на македонската музика, познатиот музичар, гитарист и композитор Петар Лукиќ (90).

Целиот свој работен век го мина во оркестрите на Македонската Радио Телевизија (МРТ), поточно нејзината тогашна Музичко – касетна продукција. Најпрвин како гитарист и дел од Танцовиот оркестар, за подоцна да се префрли во Народниот оркестар.

Не само што важеше за врвен музичар, туку Лукиќ беше и композитор и аранжер кој зад себе остави значајни композиции и во забавниот и во народниот жанр на новосоздадената македонска песна. Негови композиции се изведуваа на најпознатите македонски фестивали и на забавна и на народна музика, а неговите песни ги пееја познати македонски, но и регионални пејачки ѕвезди.

Петар Лукиќ остана запаметен не само како врвен музички уметник и автор, туку пред се и како добар и кроток човек, со благ карактер, омилен и кај своите колеги и соработници и во своето семејство. Неговиот ген и талент за музика го пренесе на неговиот внук, кој го носи и неговото име и презиме – Петар Лукиќ помладиот, кој денес е исто така врвен музичар и инструменталист.

Лукиќ неодамна наполни 90 години, а веста за неговата смрт ја обзнани неговата ќерка Тања, која на својот Фејсбук напиша:

„На Петровден го прославивме твојот 90-ти роденден, а денес се збогуваме со тебе. Ќе остане твојата музика, љубовта на најблиските и твојата мудрост. Денеска, напладне, опкружен со најблиските, држејќи ги за рацете своите внуци Петар и Лука, засекогаш ги затвори очите нашиот татко и дедо, Петар Лукиќ, композиторот, нашиот маестро. Веченаја памјат најмил наш“ – сподели неговата ќерка во објавата, под која од големиот музички уметник се простуваат неговите пријатели, колеги, соработници…!

Во негов спомен познатиот текстописец Огнен Неделковски покрај изразите на сочувство сподели една нивна заедничка композиција, насловена „Дали знаеш“ отпеана на „Макфест 1990“ во изведба на првата макфестовска победничка, Хелена Благне.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме