Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во недела и во понеделник многу постуден бран ќе ја зафати Македонија!

Meteoalarm.mknajavazastudenbran.png

Под влијание на многу постудена воздушна маса од север, која ќе биде поврзана со Атмосферски фронт, во недела  и во понеделник ќе имаме нагла  и голема промена на времето. Ќе има поголема облачност, особено во недела кога ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Не се исклучува можноста  и за појава на локално невреме.

Во недела  и во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час), и истиот најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието. Во недела попладне и во вечерните часови, и тоа поради заладувањето, можно е провејување на снег на највисоките планински места во државава.

Што се однесува до температурите, тие во недела попладне  и навечер нагло и значително ќе опаднат, за околу, па дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега. Во северните предели температурите ќе опаднат  и за повеќе од 15 степени, па така особено постуден ден ќе биде понеделник кога наутро температурите ќе се спуштат во интервалот од 3 до 11 степени, на високите  и на планинските места тие се очекува да се спуштат до околу, или за некој степен под нулата, а максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Уште постудено утро и тоа поради целосното разведрување ќе имаме во вторник кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени. НАПОМЕНА: Во понеделник и во вторник наутро е можна појава на слана  и на мраз на повеќе места низ Македонија.

Оваа нагла  и бурна промена на времето секако лошо ќе се одрази врз метеопатите.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја