Утрински Весник
Македонија

Љутков од Охрид: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културните врски

Sredba Ljutkov Hanko 3.jpg

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со својот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, која е во дводневна посета на нашата земја.

Министрите Љутков и Ханко потврдија дека оваа посета и денешната средба се уште еден значаен момент во развојот на билатералните односи меѓу двете земји, особено за македонско-унгарска соработка во областа на културата и туризмот преку конкретни активности.

„Република Северна Македонија и Унгарија во наредниот период ќе отворат ново поглавје во развојот на културните врски меѓу двете држави и ќе настојуваме тоа да резултира со низа проекти и иницијативи. Ќе работиме на обновување и унапредување на соработката во областа на културата, на програмата меѓу надлежните државни органи, но и на документ за регулирање на соработката во областа на туризмот меѓу институциите од оваа сфера од двете држави”, рече Љутков по средбата.

Љутков информираше дека е заедничка заложбата културното наследство и актуелното творештво на двете држави да бидат повидливи пред јавноста, за што во наредниот период ќе се организираат денови на македонската и на унгарската култура. За таа цел ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка, со што ќе се овозможи континуирана промоција и преставување на културните институции во двете држави.

Тој ја поздрави и подготвеноста на министерот Ханко за споделување на унгарските искуства од реализацијата на манифестацијата „Веспрем – европска престолнина на културата за 2023 година”, како и за интензивирање на соработката меѓу двете канцеларии на програмата „Креативна Европа”.

Заклучоците од билатерална средба на министрите Љутков и Ханко беа презентирани и на заедничката седница на   владите на Северна Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Орбан и Мицковски ја поздравија соработката и дадоа силна поддршка  за инвестирање во културата која, како што рекоа, е симбол на идентитетот и душата на секоја држава. 

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена