Утрински Весник
Македонија

Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

Foto6.jpg

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, се сретна со група просветни работници од земјава, кои предаваат на босански јазик. На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух. 

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

„Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател”, рече Стоилковиќ, уште еднаш потенцирајќи оти се надева на добра соработка. 

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветија дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво. 

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови. 

Можете да прочитате

Тренчевска: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да се наменат за минимална плата од 600 евра

Измамен 18-годишник од Демиркаписко, наместо работа, добил долг од 215 илјади денари

СДСМ: Со приказната за авионот Мицко ја расплака пола Македонија