Утрински Весник
Македонија

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: Им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

Zatvorr.png

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т., извести МВР.

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница откако власта одби законот за минимална плата да го стави на дневен ред

ДЗР: Лабораториите да се опремат за испитување што повеќе забранети и штетни супстанци во производите

Азизи: Владата одлучи, вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис