Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Venko 1.jpg

„Тоа што го констатиравме досега е дека ВМРО-ДПМНЕ, а не друга партија, прави дестабилизација, провокација, влошување на меѓународната позиција на земајта, влошување на билатералните односи со соседите, влошување на безбедносната состојба на границата со Косово, огромен број на убиства коишто не се расчистени“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5.

То јдодаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја за да се зголемат платите, а единствено нешто со кое што се фалат се инвестиции кои ги договорила претходната влада.

„Мора да им се признае и за два проекти кои се нивни автентични и тука треба да им се честита. Тоа е враќањето на споемникот на Ќосето и враќањето на оградата на Владата. Тоа се навистина проекти коишто се автентични на ВМРО-ДПМНЕ и тоа го направија како што треба“ рече Филипче.

Можете да прочитате

Во Скопје изложба „Патот до слободата“ по повод 250 години од независноста на САД 

Клековски: Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот

Загина возач на магистралниот пат Струмица-Радовиш, со товарно возило излетал од патот