Утрински Весник
Македонија

Маж и жена пронајдени починати во Скопје

Lenta Policija 4 1.jpg

На 25.09.2024 во 08.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 08.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, бил пронајден починат Д.С.(56) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 25.09.2024 во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била пронајдена почината С.М.(50) од Скопје, вработена во училиштето. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал својата 81годишна мајка

Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

Џип удрил велосипедист во Скопје