Утрински Весник
Македонија

Се трага по маж од Белгија кој исчезна на Галичица

Mark Joris.jpg

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112 . Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Можете да прочитате

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа