Утрински Весник
Свет

Мексиканска претседателка не го покани шпанскиот крал на својата инаугурација затоа што не се извинил за колонијалните злосторства

20240926092932 Big 730x400 30.webp.webp

Новоизбраната мексиканска претседателка Клаудија Шајнбаум одби да го покани шпанскиот крал Фелипе на нејзината инаугурација на 1 октомври, бидејќи тој не се извини за злосторствата извршени врз домородното население на Мексико пред 500 години.

Шајнбаум рече дека Шпанија го игнорирала писмото од 2019 година од нејзиниот претходник на функцијата, Андрес Мануел Лопез Обрадор, во кое се повикува на извинување за „злоупотребите“ од колонијалниот период, јави Гардијан.

Обрадор тогаш испрати писма до шпанскиот крал Фелипе и папата Франциск, барајќи од нив да се извинат за „злоупотребите“ за време на освојувањето и колонијалниот период кога биле кршени човековите права на домородните народи во Мексико.

Во тоа време, шпанската влада одби да се извини, велејќи дека цврсто ја отфрла содржината на писмото.

– За жал, на писмото никогаш не беше директно одговорено, како што бара најдобрата дипломатска практика, рече Шејнбаум.

Според неа, наместо тоа, дел од писмото протекол во медиумите, а мексиканската влада не добила директен одговор по ова прашање.

Шпанскиот премиер Педро Санчез беше поканет на церемонијата на полагање заклетва на 1 октомври, додека шпанскиот крал Фелипе не е поканет, но Мадрид соопшти дека никој од шпанските претставници нема да учествува на инаугурацијата на кое било ниво.

Санчез на прес-конференција на Генералното собрание на ОН вчера рече дека Мадрид не може да го прифати исклучувањето на кралот Фелипе од инаугурацијата и оти нема да има дипломатски претставник од шпанската влада како знак на протест до мексиканската влада.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме