Утрински Весник
Македонија

Традиционална средба на превозници – 24info.mk

20240925162557 Big 730x400 36.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи традиционална средба на превозници, информираат од Асоцијацијата Макам-транс.

Оваа година настанот е предвиден како манифестација од повеќе активности, но основата е претстојната апликација за годишни ЕКМТ дозволи за 2025 година.

Традиционално, како што информираат организаторите, ќе има и мини саем на кој ќе се претстават ВИП членките и соработниците кои ќе ги презентираат своите услуги и производи кои се неопходни за вршење на дејноста.

На настанот, според организатоите, ќе се обратат Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијација Макам-транс, Александар Николоски, министер за транспорт и Бобан Николовски, директор на Царинска Управа.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола