Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин пронајден мртов во Германија

Img 4400.jpeg

Минатата недела на гробиштата во Бремен, Германија, било пронајдено безживотното тело на македонски државјанин, Имер Д. (40). Телото имало видливи убодни рани, што веднаш укажало на убиство. Според германскиот весник „Билд“, Имер бил убиен поради неговото постојано демнење на поранешната партнерка, со која имал дете.

Телото на несреќниот маж било откриено од посетители на гробиштата, кои го забележале во локва крв меѓу гробовите. По пристигнувањето на полицијата, било потврдено дека најверојатно се работи за смрт од убодни рани.

Соседите на поранешната партнерка изјавиле дека Имер ја демнел подолго време и дека многумина имале проблеми со него. Според локалните жители, Имер спиел на гробиштата во последните три недели, поточно под покривот на капелата, која се наоѓала спроти гробот на бабата на неговата поранешна сопруга.

Полицијата се уште го бара сторителот и апелира до граѓаните кои имаат било какви информации да се јават за да помогнат во истрагата.

Можете да прочитате

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес