Утрински Весник
Македонија

Попладнево пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Kumanovo Pozar.png

Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.

Во пожарот за среќа нема повредени лица.

– Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа.

Можете да прочитате

10 дена без трага од Љупчо – Баравме помош уште пред да исчезне велат од семејството

Од Стража до Гостивар вечерва се патува и до час и половина

Приведен 20-годишник, со остар предмет се обидел да ограби обложувалница