Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист удри во пешак во Скопје, во несреќата повредени и двајцата

Policija 1 670x444 1.jpg

Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „11 Октомври“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот С.Б. од село Гиновце, кривопаланечко, удрил во пешакот 58-годишниот Џ.Р. од Скопје, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Од први јули забрана за движење во шуми, казни до 2000 евра

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност