Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Пред нас значително повисоки температури, се очекува тие да наднимат и 30 степени, сепак, ќе има и краткотраен дожд!

T2m 132 Crop 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што и претходно најавив, во Македонија започна период на значително потопло време “Мини Лето”, и истото ќе се задржи до самиот крај на оваа недела. Сепак утре (вторник), како и во среда ќе имаме повеќе облачност и ќе има појава на краткотрајни локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи (но и ова не би било некоја долготрајна  и голема промена на времето), поради тоа што веќе од четврток повторно ќе имаме многу сонце во Македонија.

Што се однесува до температурите, тие во периодот кој што ни следува, како утринските, така  и максималните дневни постојано ќе бидат во пораст, па така максималните дневни температури насекаде во Македонија ќе надминуваат 20 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе надминат  и 25 степени.

Во вториот дел од оваа недела, и за време на викендот во погоре споменатите предели, температурите локално ќе се искачат и над 30 степени. Што значи дека, секако и покрај онаа мала промена на времето која не очекува утре  и во среда,  ќе има простор  и за уживање во пријатно топлите временски услови.

За време на овој период, температурата во Скопскиот регион ќе се искачува во интервалот помеѓу 27  и 33 степени за време на викендот.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме