Утрински Весник
Македонија

Семејно насилство во Скопје: Мајка била нападната од нејзиниот син; брат и сестра прво се скарале, па се степале

Policija 3 1.jpg

Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 78 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син И.Б.(55), кој употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Вчера во СВР Скопје во 16.45 часот, 41 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 54 – годишна сестра од Скопје.

Подоцна и таа пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат.

Според МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг

Загина лице во сообраќајка во Скопје