Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

Sdsm Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување. 

Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните.

Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.

Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите.

Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард. 

Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари.

Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила. 

Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина