Утрински Весник
Македонија

Со автомобил е прегазен велосипедист во Скопје, возачот побегнал од местото на несреќата

Velosiped 306496 398201.jpg

МВР информира дека вчера попладне околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од В.Б.(73) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.

По несреќата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Пијан направил сообраќајка, избегал, преминал на црвено, на крајот нападнал полицајци

Полициска акција во Полог: двајца малолетници фатени како пакуваат дрога

Моторџија тешко повреден во сообраќајка во Радишани