Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Доделени договорите од ИПАРД III програмата за 2021-2027

Dsc 0373.jpeg

Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со директорот на агенцијата Илија Стоилев доделија договори од ИПАРД III програмата за 2021-2027.

Договорите се однесуваат на мерката 1 –Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства  и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Финансиската поддршка се состои од 75% средства од ЕУ буџетот и 25% средства обезбедени од буџетот на Македонија.

Вкупната финансиската поддршка во рамките на ИПАРД III  програмата од мерката 1 изнесува 18.893.333 евра, односно 1.171.764.533 денари, додека за мерката 7 изнесува 11.400.000 евра, односно 707.028.000 денари.

Денеска се потпишаа 30 договори од вкупно 76 од мерката 1 за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 214.737.900,00 денари односно 3.494.514 евра, додека кофинансираната сума изнесува 141.279.000,00 денари односно 2.299.000 евра. Од мерката 7 се пишуваат 6 договори за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90.379.675,00 денари, а додека кофинансираната сума изнесува 54.488.543,00 денари, односно 886.713,00 евра.

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство а со тоа и на земјоделците.  Континуирано се прават заложби за подеднаков развој на земјоделството на секој дел од државата.

Со потпишување на договорите им посакавме успешна реализација на инвестициите и понатамошно беспрекорно работење, плодна соработка со агенцијата и министерството. Ги охрабруваме и останатите земјоделци да се вклучат во програмите за финансиска поддршка.

Можете да прочитате

Support Kocani ја подели четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари

Лога си замина од Алијанса за Албанците

Николовски: Трипуновски наместо да ја дефокусира јавноста да си поднесе оставка за скандалот со ИПАРД