Утрински Весник
Македонија

На Инфективна клиника почина пациент поради компликации од Западно-нилска треска

Infektivna 1.jpg

Жител од Чешиново–Облешево на 78 годишна возраст починал на 16-ти месецов на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на Западно- нилска треска, пишува Сител.

Ова е четврт случај годинава и случајот во ИЈЗ е пријавен на 12-ти месецов.

Првичните симптоми кај пациентот започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.

Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал