Утрински Весник
Македонија

ПП Левица: Димитриевски набавил за спортската сала во Куманово семафор во вредност од 10 милиони денари

Levica.jpg

Максим Димитриевски набавил за во спортската сала во Куманово семафор во вредност од 10 милиони денари, за споредба во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари.

Целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго”, договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или милион и 145 илјади евра, од кои 10 милиони денари се само за семафорот.

Па следствено се прашуваме, како граѓани од чии даноци се трошат тие пари, дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?!

Како кумановци сме и изреволтирани што спортска сала која во 1979та година била почната со градење а веќе во 1980та била завршена, градба која следната 1981 г. ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС), за сега спортот во Куманово да е пред праг на умирање затоа што сегашните власти веќе со години не се способни да ја санираат истата!

По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност.

Левица го повикува обвинителството да ја провери јавната набавка, а Мицковски ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во општина Куманово.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина