Утрински Весник
Скопје

“Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Град Скопје

Grad Skopje 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крединиот рејтинг на Град Скопје од страна на Глобалната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (S&P Global Ratings) е намален по втор пат во период од една година. Агенцијата го намали од „ББ-“ на „Б+“ со стабилен изглед пишува Блумберг Адриа.

Во објаснувањето на агенцијата се вели дека Град Скопје продолжува да акумулира долгови кон добавувачите во текот на 2024 година, при што вкупниот долг пораснал од 450 милиони денари (7,3 милиони евра) на крајот на 2023 година на речиси 700 милиони денари (11,3 милиони евра) заклучно со јуни годинава.

Во извештајот се додава дека Град Скопје располага со ликвидни средства со кои може да покрие околу половина од акумулираните обврски и отплатите на главнината на долгот во следните 12 месеци, додека не е во можност да се задолжува, со оглед на конфронтацијата меѓу градоначалникот и градскиот совет.

Можете да прочитате

Катерина Костова назначена за в.д. директорка на Зоолошката градина Скопје

Ѓорѓиевски повикува на трпение – Нема брзи решенија за Скопје

ЈСП: Заверката на билетите за возрасни лица може да се направи во сите центри за персонализација