Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Брисел на средби со Фон дер Лајен, Мишел, Вархеји

454351531 1098547284960530 7775765651562997934 N.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел од денеска до петок.

Во Брисел Претседателот на Владата, Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од Претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Потоа, Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок со Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок и со Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Состанок е предвиден и со Генералниот директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) Герт Јан Компан.

Оваа дипломатска средба на Претседателот на Владата Мицкоски е со цел интензивирање на досегашната соработка и е важна за процесот за пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски пред средбата кажа дека ќе отпатува во Брисел и ќе го прикаже планот за раст.

„Имаме план за раст и ќе го прикажеме планот за раст. Ако стане збор за евроинтеграциите, на челниците на ЕУ ќе им ја пренесам фрустрацијата на македонските граѓани од ЕУ, бидејќи веќе 25 години сме во чекалната да почнеме преговори за членство во Унијата, а имаме поставени услови како ниту една друга земја која претендира да биде членка на ЕУ“, рече Мицкоски денеска за медиумите.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер