Циклонот „Борис“ донесе многу дожд низ Европа и предизвика поплави, кои стигнаа и до Унгарија, каде Дунав се излеа од коритата.
Моменталниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, додека вчера беше под 600 сантиметри.
Водата, додава тој, во наредните денови ќе расте од метар на метар и 20 сантиметри.
Кејот покрај Дунав е поплавен, а врвот на поплавниот бран, како што изјави градоначалникот на Будимпешта, се очекува да биде во недела, иако вчера беше најавено дека ќе биде во ноќта меѓу петок и сабота.
Рекорден водостој на Дунав во главниот град на Унгарија беше во 2013 година и изнесуваше 891 сантиметар.
Според прогнозите на локалните власти, водостојот овојпат не се очекува да биде толку висок.
Градоначалникот рече дека одбраната на градот почнала во понеделник и дека се обезбедени сите критични точки.
Тој додаде дека 2013 година ги научила како да го бранат градот, дека навреме ги исчистиле каналите, а граѓаните ги уверуваат дека секогаш ќе имаат вода за пиење.